Ќе побара од Интерпол да дејствува

Иран издаде налог за апсење на Доналд Трамп поради убиството на Сулејмани

Иран идентификувал 36 лица што учествувале во американскиот атентат врз генералот Касем Сулејмани и ќе побара нивно апсење преку каналите на Интерпол, објавија локалните медиуми. На врвот на списокот на осомничени е претседателот Доналд Трамп.

Имињата на осомничените за сензационалното убиство на командантот на иранските елитни Кудс сили му се доставени на Интерпол од страна на главниот обвинител на Техеран, Али Алгаси-Мехр, соопштија иранските медиуми во понеделникот.

Обвинителот го нарече убиството „терористички чин".

Сулејмани, најмоќниот воен командант на Иран, беше убиен на 3 јануари во американски воздушен напад со беспилотно летало во Ирак.

Генералот Сулејмани се сметаше за втора најмоќна фигура во Иран зад ајатолахот Хаменеи. Неговите Кудс сили, елитна единица на Иранската револуционерна гарда, му беа директно подредени на ајатолахот и беше славен како национален херој.

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе