Иран испрати 2 воени брода во Аденскиот Залив како заштита за своите комерцијални бродови

Иран испрати разурнувач и носач на хеликоптери за да ги заштити своите комерцијални бродови во Аденскиот Залив, среде тензиите со САД и американското трупање војска во регионот, пренесуваат агенциите.

Разурнувачот „Саханд“ и носачот на хеликоптери „Харк“ се испратени во Аденскиот Залив и Оманското Море за да ги придружуваат иранските бродови и да им пружат заштита во меѓународните води, соопшти иранскиот контра-адмирал Хабиболах Сајари.

„Саханд“, кој влезе во употреба во декември 2018, е најнапредниот ирански домашно произведен брод. Има стелт палуба и може да плови многу подолго од разурнувачите од претходната генерација без дополнување гориво. Вооружен е со цела низа крстосувачки проектили, торпеда и топови.

Потегот на Техеран е реакција на случувањата во регионот, откако САД и Британија почнаа да спроведуваат патроли во Персискиот Залив под изговор дека Иран стои зад јунските напади врз двата танкери во Ормускиот Теснец. Ситуацијата стана уште потензична со запленувањето на иранскиот танкер „Грејс 1“ (подоцна преименуван во „Адријан Дарја“) од страна на Гибралтар за наводно кршење на ЕУ санкциите со транспорт на нафта во Сирија. Подоцна танкерот беше ослободен, и покрај американските барања за повторно запленување. Како одговор, Иран заплени британски танкер во Персискиот Залив, кој сѐ уште е под контрола на Техеран.

Аденскот Залив, во кој Техеран ги испрати бродовите, се наоѓа во Арапското Море, меѓу Јемен и Сомалија. На северозапад е поврзан со Црвеното Море и се смета за многу важен пат од Суецкиот канал кој ги поврзува Средоземното и Арапското Море со Индискиот Океан и низ него минуваат 21.000 бродови годишно.

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе