Иран: И втор американски шпионски дрон го наруши нашиот воздушен простор (ФОТО)

Министерот за надворешни работи на Иран Мохамед Џавад Зариф објави мапа која покажува дека уште еден разузнавачки дрон на САД наводно го нарушил воздушниот простор на Иран.

Иран на 20 јуни собори американско беспилатно летало „глобал хок“, тврдејќи дека навлегол во иранскиот воздушен простор. Американската војска потврди дека дронот е соборен, но наведува дека летал во меѓународните води на Ормушкиот теснец.

Шефот на иранската дипломатија на Твитер објави фотографија тврдејќи дека таа е доказ за упадот на шпионскиот дрон ем-кју9 на 26 мај.

Тој во твитот навести дека Иран има информации за подготовките на САД да го обвинат Техеран за нападите врз нафтените танкери во регионот.

Зариф не прецизираше дали дронот, наведен во твитот, бил предупреден пред да го наруши воздушниот простор на Иран.

Се очекува коментар од Пентагон за тврдењата на иранскиот министер Зариф.

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе