Иран и Венецуела потпишаа договор за соработка

Иран и Венецуела потпишаа 20-годишен договор за соработка меѓу двата сојузници погодени од американските санкции за време на посетата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро на Техеран. Потпишувањето на договорот „ја покажува решеноста на високите функционери на двете земји да ги развиваат односите на различни полиња", изјави иранскиот претседател Ебрахим Раиси.

Фото: ЕПА

Говорејќи на заедничката прес-конференција во иранскиот главен град, Мадуро рече дека соработката ги опфаќа енергетскиот и финансискиот сектор, како и „заедничката работа на одбранбените проекти“. Заедно со Русија, Кина, Куба и Турција, Иран е еден од главните сојузници на Венецуела и, како и Венецуела, подлегнува на строги американски санкции.

„Венецуела помина тешки години, но решеноста на народот, официјалните лица и претседателот на земјата беше да се спротивстават на санкциите“, рече Раиси за време на прес-конференцијата емитувана на државната телевизија. „Ова е добар знак што им докажува на сите дека отпорот функционира и дека ќе го принуди непријателот да се повлече“, додаде иранскиот претседател.

Покрај 20-годишниот договор потпишан од министрите за надворешни работи на двете земји, „Иран и Венецуела потпишаа документи за соработка на политичко, културно, туристичко, економско, нафтено и петрохемиско поле“, објави државната новинска агенција ИРНА.

Од 18 јули ќе се воведат директни летови меѓу Каракас и Техеран „за промовирање на туризмот и унијата на нашите земји“, рече Мадуро, додавајќи дека „Венецуела е отворена за прием на туристи од Иран“.

Иранскиот претседател, исто така, ја истакна важноста на директните летови меѓу двата главни града, велејќи дека тоа може да го отвори патот за подобрување на „трговските и економските односи, како и за зближување на двете нации“.

Билатералните врски меѓу двата производители на нафта беа силни во времето на починатиот венецуелски социјалистички лидер Уго Чавез, а беа дополнително зајакнати под неговиот наследник Мадуро.

Во мај, иранскиот министер за нафта Џавад Овџи се состана со Мадуро за време на официјалната посета на Венецуела, која ги има најголемите докажани резерви на сурова нафта во светот. Посетата на Овџи на Венецуела дојде само неколку недели по посетата на американските функционери во услови на раст на глобалните цени на нафтата поради војната во Украина. Во март, американска делегација одржа состанок со Мадуро, чиј легитимитет како претседател Вашингтон го оспорува.

Иран е голем производител на нафта и во април рече дека производствениот капацитет се вратил на нивото пред повторното воведување на американските санкции под тогашниот претседател Доналд Трамп во 2018 година. Иран е третата земја што Мадуро ја посети оваа недела по патувањето во Турција и Алжир.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе