Иран и САД сè уште не пронајдоа решение за нуклеарниот договор

Иран и САД сè уште не ги приближиле ставовите во преговорите за спасување на договорот за иранската нуклеарна програма од 2015 година, соопшти во понеделникот иранското министерство за надворешни работи.

Фото: ЕПА

Дипломатите кои преговараат во Виена се надеваат дека ќе договорат план според кој Вашингтон ќе ги укине санкциите на Иран, а Техеран ќе ја ограничи својата нуклеарна програма.

Работните групи сè уште преговараат за технички прашања, рече портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Саид Хатибзаде.

Исто така, постојат разлики во политичките ставови кои треба да се решат на повисоко ниво, додаде тој.

„Сакаме решение за сите разлики во мислењата, а не делумни решенија“, рече тој, пренесе ИРНА.

Според него, постигнат е договор за техничките санкции, како што се продолжување на извозот на иранската нафта и пристап до приходите од нафта во странските банки.

Но, сè уште нема напредок кога станува збор за политички санкции против ирански официјални лица, пред се од Револуционерната гарда.

Иран изјави дека ќе ги почитува обврските кои произлегуваат од нуклеарниот договор доколку Вашингтон ги укине санкциите.

Преговарачи од Велика Британија, Франција, Германија и Русија и Кина се обидуваат да ги убедат Иран и САД да се вратат на договорот. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп еднострано се повлече од него во 2018 година, и оттогаш Техеран постепено ги крши неговите одредби.

Според договорот, Иран смее да збогатува ураниум само до ниво од 3,67 проценти. Минатиот месец достигна ниво од 60 проценти, приближувајќи се кон можноста да развие нуклеарна бомба.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Западот може да му послужи на остатокот од светот како изложба на ужасни и очигледно неуспешни идеи, меѓу кои се и комунизмот, фашизмот, нацизмот, феминизмот, анархизмот и, во последно време, либерализмот.

повеќе

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе