Иран го зголемува збогатувањето ураниум на 60 проценти

Иран планира да го зголеми степенот на збогатување на ураниум на 60 проценти, според извештајот на државната новинска агенција ИСНА.

Фото: ЕПА

Заменик министерот за надворешни работи Абас Арагчи треба да ја извести Меѓународната агенција за атомска енергија за овој потег, што следи по сајбер-нападот врз иранската нуклеарна централа Нантанза.

Иран го обвини долгогодишниот непријател Израел за саботажа на неговата клучна нуклеарна централа Нантанза и вети дека ќе се одмазди за нападот.

Техеран го обвинува Израел за терористички акт насочен кон саботирање на преговорите во Виена, кои треба да продолжат кон крајот на оваа недела, а со тоа и на нуклеарниот договор со пет членки на Советот за безбедност и Германија.

Досега Иран збогатувал ураниум до 20 проценти, иако нуклеарниот договор од 2015 година предвидува максимално збогатување од 4 проценти.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе