Прекршување на нуклеарниот договор

Иран го збогати ураниумот на недозволени 4,5 проценти

Иран објави денес дека збогатил 370 килограми ураниум на 4,5 проценти, што е прекршување на ограничувањето од нуклеарниот договор од 2015 година договорен со глобалните сили.

Портпаролот на иранската нуклеарна агенција Бехроуз Камалванди изјави за државната новинска агенција ИСНА.

Според нуклеарниот договор од 2015 година, на Иран му е дозволено да збогатува 300 килограми ураниум максимум до 3,67 проценти.

Иран во последните месеци јасно стави до знаење дека ќе се повлече од некои обврски откако САД минатата година излегоа од договорот и на Иран му наметнаа построги санкции.

Европските држави кои се спротивставија на американското повлекување, се обидуваат да го убедат Иран да се држи до договорот.

Иран соопшти дека со трета фаза на повлекување ќе започне во септември и ќе го збогатува ураниумот до 20 проценти.

Со договорот од 2015 година се настојува да се спречи високи нивоа на збогатување на ураниум, бидејќи неговото збогатување од 20 проценти може многу брзо да прерасне во развој на нуклеарно оружје.

Европа се обидува да најде начини компаниите да ги заобиколат американските финансиски санкции кон Иран, во обид да се одржи договорот во живот, но процесот е во застој.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе