Иран го премести моделот на американски носач што го користи за вежби во Персискиот Залив

Иран го премести моделот на американски носач на авиони во стратешкиот Ормуски теснец, покажаа сателитските снимки и веројатно ќе го користи за вежбање на пукање како дел од воените игри во теснецот кој е од витално значење за светскиот извоз на нафта.

Screenshot

Употребата на лажни американски воени бродови стана вообичаено средство за обука на Иранската револуционерна гарда и нејзините поморски сили, вклучително и кога во 2015 година иранските ракети гаѓале модел што личи на носачот Нимиц.

Техеран, кој се спротивставува на присуството на американските и западните сили во Персискиот Залив, редовно одржува поморски воени вежби во теснецот преку кој поминува 30 проценти од вкупниот извоз на сурова нафта и други нафтени деривати што се транспортираат по море.

Една од фотографиите направени на 26 јули од американската технолошка компанија Максар технолоџис, покажува ирански брод за брз напад како се движи кон модел на американски превозник во теснецот. На друга фотографија се прикажани модели на авиони наредени на палуба на бродот.

„Не можеме да зборуваме за тоа што сака да постигне Иран со градењето на тој модел или каква тактичка вредност сака да постигне со користење на ваков модел за време на обуките или вежбите за напад“, рече командантката Ребека Ребарич, портпаролка на Петтата американска морнаричка флота сместена во Бахреин, јави Ројтерс.

„Се потпираме на способностите на нашите поморски сили да се одбранат од каква било закана од море“, додаде таа.

Тензиите меѓу Иран и САД се зголемија од 2018 година кога американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор во 2015 година, што Техеран го потпиша со шест светски сили, и им наметна санкции поради кои иранскиот извозот на нафта нагло опадна.

Иранската гарда во април соопшти дека Техеран ќе ги уништи американските воени бродови доколку се заканат на нивната безбедност во Персискиот залив. Иранските власти неколку пати се закануваат дека ќе го блокираат Ормускиот теснец, доколку Иран не биде во можност да извезува нафта или ако се нападнат неговите нуклеарни постројки.

Во последните години имало повремени судири меѓу иранската гарда и американската војска во Персискиот Залив. Американските власти соопштија дека затворањето на теснецот би претставувало преминување на „црвена линија“ и на тоа САД би одговориле.

Иран не може легално да го затвори пловниот пат затоа што еден негов дел се наоѓа во територијалните води на Оман. Сепак, бродовите што минуваат преку пловниот пат влегуваат во иранските води кои се во надлежност на поморските сили на иранската гарда.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Време е за коренити промени на економскиот систем во Хрватска.

повеќе

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе