Иран го осуди тероризмот во Франција: „Мора да го прекинеме сѐ подлабокото вртење во круг“

Иран остро го осуди нпадот во кој вчера во црква во центарот на Ница беа убиени три лица, кој го изврши 21-годишен исламист од Тунис.

EPA-EFE

„Остро го осудуваме најновиот терористички напад во Ница“, напиша вчера иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Џавад Зариф на Твитер.

„Со здрав разум мора да го прекинеме сѐ подлабокото вртење во круг со говор на омраза, провокации и насилство“, порача тој.

„Мораме да признаеме дека радикализмот создава само дополнителен радикализам и дека мирот не се постигнува со грди провокации“, додаде Зариф.

Францускиот претседател Емануел Макрон решително застана во одбрана на вредностите на Републиката и правото на исмевање на религиите по неодамнешното убиство на наставникот кој ги покажувал карикатурите на Мухамед на предавања за слободата на изразувањето.

Изјавите на Макрон предизвикаа протести во неколку мнозински муслимански земји како и повици на бојкот на француските производи.

Вчера иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека „навредувањето на пророкот Мухамед поттикнува насилство и крвопролевање“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе