Иран го ослободи заробениот британски танкер

Заробениот танкер Стена имперо, кој пловеше под британско знаме, „е слободен“, објави иранскиот амбасадор во Британија Хамид Баединеџад.

„По завршувањето на судската и правна постапка, британскиот танкер Стена имперо може слободно да ги напушти иранските територијални води“, кажа тој.

Исламската револуционерна гарда на 19 јули објави дека го запленила бродот Стена имперо по барање на пристанишната и поморска организација Хормузган поради непочитување на меѓународните поморски правила.

Иран минатиот месец ослободи дел од екипажот на танкерот „од хуманитарни причини“.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе