Иран го обвини Израел за напад на постројката за збогатување ураниум: „Ционистичкиот режим се обиде да се одмазди...“

Иран денес го обвини Израел дека стои зад нападот врз неговата фабрика за збогатување ураниум во Нантанза, кој, како што навести, ги оштетил центрифугите, и најави „навремена одмазда“.

Фото: ЕПА
„Со тоа, ционистичкиот режим се обиде да му се одмазди на иранскиот народ за неговата трпеливост и мудрост додека чекаше укинување на санкциите (од САД)“, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Саид Хатибадех на прес-конференција во Техеран.
 
Иранските власти вчера објавија дека снемало струја во нуклеарниот комплекс Нантанз и тоа го нарекоа акт на „нуклеарен тероризам“. Во изјавата за инцидентот, директорот на иранската организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, не обвини никого директно.
 
Ова е прв пат Иран официјално да го обвини Израел за напад.
 
Израел не ја презеде одговорноста директно, но веднаш се јави сомнеж дека тој стои зад нападот бидејќи скоро сите медиуми во таа земја објавија дека голем сајбер-напад предизвикал прекин на електричната енергија.
 
Доколку Израел е одговорен, тоа дополнително ќе ги интензивира веќе засилените тензии меѓу двете земји од Блискиот Исток.
 
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој вчера се состана со американскиот министер за одбрана Лојд Остин, рече дека ќе стори сè што е во негова моќ за да го запре иранскиот нуклеарен договор, на кој САД планираат да му се вратат.
 
Сè уште има малку детали за тоа што се случило вчераутро во иранскиот нуклеарен комплекс.
 
Прво, инцидентот беше опишан како прекин на електричната енергија предизвикана од електричната мрежа што ги снабдува неговите работилници над земјата и подземните простории за збогатување ураниум.
 
„Одговорот за Нантанз е одмазда кон Израел. Израел ќе го добие својот одговор преку него“, изјави портпаролот на иранското министерство без да даде повеќе детали, пренесува агенцијата АП.
 
Тој потврди дека центрифугите ИР-1, прва генерација на центрифуги за збогатување ураниум во Иран, биле оштетени во нападот.
 
Тој не кажа колку се оштетени.
 
Државната телевизија сè уште не прикажа снимки од тој нуклеарен комплекс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе