Иран ги предупреди Европејците да не им го прекинуваат извозот на нафта

Техеран ги предупреди Европејците да не им го попречуваат извозот на нафта, оценувајќи дека нижењето инциденти ги загрозува моменталните напори за спасување на нуклеарниот договор од 2015 година, ослабен со повлекувањето на САД.

„Секоја пречка за начинот на кој Иран извезува нафта се коси со (меѓународниот) нуклеарен договор“, истакна заменикот на иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи по состанокот со земјите потписнички (Франција, Велика Британија, Германија, Русија и Кина) во Виена.

Дипломатот експлицитно посочи на инцидентот од почетокот на јули, кога британските власти во близина на Гибралтар го запленија иранскиот танкер Грејс 1, со што се влошија и онака напнатите ситуации во Персискиот Залив.

Техеран тврди дека е исклучително важно и понатаму да може да ја извезува својата нафта, што е најголема придобивка која ја извлекол од договорот што пред четири години го потпишал со велесилите во замена за строго ограничување на своите нуклеарни активности.

Арагчи претходно во неделата на иранската телевизија укажа дека европските земји не смеат да поставуваат никаква „пречка“ на иранскиот извоз на нафта доколку сакаат да го зачуваат договорот кој треба да гарантира исклучиво мирољубива намена на нуклеарната програма на Техеран.

По унилатералното повлекување на САД од договорот во 2018 година, како и воведувањето на построги санкции, Иран притиснат од тешката економска ситуација, на почетокот на јули престана да исполнува некои од своите обврски и се закани со постепен излез од договорот доколку другите земји потписнички не му помогнат да ги заобиколи американските санкции.

Но, дијалогот е продолжен и преговорите во Виена, одржани на ниво на политички директори, поминале во „конструктивна“ атмосфера, изјави Арагчи . „Сите останати потписници се решени да се зачува договорот кој е голем дипломатски успех“, рече тој.

Портпаролот на иранската влада во неделата остро го отфрли британскиот предлог да испрати поморска мисија на ЕУ во Персискиот Залив, оценувајќи дека тоа „испраќа непријателска порака“ и таквата идеја е „провокативна и ќе ги зголеми тензиите“.

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе