По наредба на Рохани

Иран ги напушта сите ограничувања на нуклеарните истражувања и развојот

Иранскиот претседател Хасан Рохани објави дека наредил напуштање на сите ограничувања во нуклеарното истражување и развојот на оваа технологија во земјата.

„На (иранската) организација за атомска енергија ѝ е наредено да ги преземе сите неопходни истражувања и чекори во развојот да ги напушти сите презмеени обврски во таа област“, кажа Рохани на државната телевизија.

Оваа мерка е преземена затоа што „не го постигнавме резултатот што го сакавме“ во контекст на актуелната дипломатска иницијатива на Франција да го зачува од пропаѓање нуклеарниот договор постигнат во 2015 година во Виена, кажа иранскиот претседател.

Тој ова го изјави претставувајќи ја „третата фаза“ на планот за намалување на иранските нуклеарни обврски.

Неговата изјава дојде непосредно откако американскиот претставник за Иран Брајан Хук ја отфрли идејата за „суспендирање“ на санкциите на САД против Техеран за да се овозможи кредитна линија од 15 милијарди долари за која е разговарано со европските потписници на нуклеарниот договор.

Иранските власти укажаа вчера дека се спремни повторно целосно да го применуваат нуклеарниот договор во замена за кредитна линија од околу 15 милијарди долари за која се преговара со Европејците а за чие постигнување крајниот рок е овој викенд.

Франција, Германија, Британија и Иран разговараат во последните неколку дена за тоа како да го спасат меѓународниот договор од Виена, кој беше доведен во прашање откако САД еднострано се повлекоа од него во 2018 година.

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе