Иран ги критикуваше САД поради смртта на Флојд и расизмот

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф ги критикуваше на Твитер Соединетите Американски Држави поради смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд при насилното апсење истакнувајќи дека САД имаат проблем со расизмот.

EPA-EFE/STR

„Некои мислат дека црните животи не вредат“, напиша шефот на дипломатијата на Исламска Република Иран.

„За нас кои сметаме дека вредат: веќе долго е потребно целиот свет да почне војна против расизмот. Дојде времето за светот против расизмот“, додаде тој.

„Американската влада ги троши ресурсите на своите граѓани, без оглед дали станува збор за авантуризмот во Аазија, Африка или Јужна Америка“, се наведува во твитот на Зариф во кој делумно ја парафразира пораката на својот американски колега Мајк Помпео за иранските протести во 2018.

Претходно иранското министерство за надворешни работи во соопштението го осуди „трагичното убиство на црнецот и смртоносната расна дискриминација во САД“.

„Гласот на демонстрантите мора да биде послушан и репресијата на Американците кои патат веднаш мора да престане“, се наведува во соопштението.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STR

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе