Иран: Емиратите и Бахреин одговорни за сериозните последици од договорот со Израел

Иранскиот претседател Хасан Рухани денеска изјави дека Бахреин и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе бидат единствените „одговорни за сериозните последици“ од нормализацијата на односите со Израел.

Фото: ЕПА

Во телевизиски говор ден по потпишувањето на договорот за нормализирање на односите меѓу Израел и двете земји од Заливот, со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, Рухани всушност не ги спомна по име овие арапски земји од Заливот.

Тој критикуваше „одредени земји во регионот“ чии „водачи не разбираат ништо од религијата и го игнорираат својот долг кон палестинската нација“, прашувајќи се како можеле да се доближат до Израел. Во почетокот на септември, иранскиот врховен лидер Али Хамнеи ги обвини Емиратите за „предавство на муслиманскиот свет, арапските земји, земјите од регионот и Палестина“, поради тоа што се согласиле да ги нормализираат своите односи со еврејската држава. Во саботата иранското Министерство за надворешни работи ја обвини бахреинската монархија дека е „соучесник во злосторствата на ционистичкиот режим“.

Емиратите и Бахреин се третата и четвртата арапска земја што воспоставија дипломатски односи со Израел, по Јордан во 1994 година и Египет во 1979 година. Од исламската револуција во 1979 година, Иран не пропушта можност да ја повтори својата заложба за одбрана на палестинските цели.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе