Иран: Да нè нападнеа САД, одговорот ќе беше жесток

Било каков американски напад врз Иран би добил жесток одговор, изјави портпаролот на иранската влада, по извештаите во медиумите дека американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела разгледувал напад врз главниот ирански нуклеарен погон.

EPA-EFE/STRINGER

„Секоја акција против иранската нација сигурно би добил немилосрден одговор“, рече портпаролот Али Рабиеи.

Ројтерс во понеделникот објави тврдења на анонимен американски официјален претставник дека Трамп, два месеци пред да ја напушти Белата куќа, на состанок со врвните советници за национална безбедност во Овалната соба ги испитувал опциите за напад на Иран, потенцијално на погонот Натанц.

Официјални лица го одвратиле од тоа заради ризик од поширок конфликт.

Меѓу нив бил и државниот секретар Мајк Помпео, кој во среда ќе го посети Израел, земја која долго размислува за воена акција против непријателскиот Иран.

„Да бев Иранец, не би бил мирен“, по ваквиот извештај рече израелскиот министер за енергетика Јувал Штајниц.

„Многу е важно Иранците да знаат дека ако навистина почнат да збогатуваат ураниум за нуклеарно оружје, тие ќе станат изложени на напад од воената моќ на САД и евентуално на други земји“, додаде Штајниц за израелското воено радио.

Иран негира дека целта на неговата нуклеарна програма е војна, а Рабиеи го обвини Израел за „психолошка војна“ против неговата земја.

„Лично, мислам дека не е веројатно САД да сакаат да предизвикаат несигурност во светот и регионот“, заклучи портпаролот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/STRINGER

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе