Иранската револуционерна гарда ја предупреди „големата Сатана“

Иран: Ако бидеме пак нападнати, нема да бидат поштедени ни Израел ни Дубаи ни другите сојузници на САД

Доколку САД и сојузниците повторно го нападнат Иран, ќе предизвикаат „уште поболни и поразурнувачки одговори“, предупреди Иранската револуционерна гарда, истакнувајќи дека нема да биде поштеден „ционистичкиот режим на Израел“.

Револуционерната гарда го објави соопштението рано наутро, откако испука ракети против двете бази што ги користат американските сили во Ирак, како одмазда за нападот со дрон од минатата недела и убиството на иранскиот воен командант Касем Сулејмани во Багдад.

„Ја предупредуваме големата Сатана, крвожедниот и арогантен режим на САД, дека секој напад или агресија (врз Иран) ќе предизвика уште поболен и разурнувачки одговор“, пренесува агенцијата Тасним.

Во соопштението се истакнува дека во одговорот нема да бидат поштедени ни регионалните сојузници на САД, како Израел, Кувајт, Јордан, Саудиска Арабија, Бахреин и Дубаи, со забелешка дека нивните територии ќе бидат легитимна цел доколку од американските бази на нивна територија се извршат напади врз Иран.

„Ги предупредуваме сите американски сојузници што ќе им ги отстапат своите бази на терористичката армија или на кој било начин станат почетна точка за непријателски или агресивни чинови против Исламска Република Иран ќе бидат легитимна цел“, се додава во соопштението.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе