Ирачкиот премиер прогласи победа во Мосул

Ирачкиот премиер Хајдер ал-Абади објави победа во „ослободениот“ град Мосул, соопшти неговиот кабинет по 9-месечната битка среде Исламска држава. 

„Абади пристигна во ослободениот град Мосул и ги поздравува херојските борци и ирачкиот народ за постигнувањето на големата победа“, се вели во соопштението од неговиот кабинет што го пренесува АФП.

Поддржани од меѓународната коалиција, предводена од САД, ирачките сили од октомври лани водат широка офанзива за протерување на ИСИЛ од Мосул, вториот по големина град во Ирак, кој што џихадистите го зазедоа уште во 2014 година. Битката не е целосно завршена, бидејќи во моментот кога е објавено соопштението од кабинетот на премиерот се уште се слушале пукотници низ градот.

Објавената победа во Мосул е сериозен успех за ирачките сили кои буквално се распраднаа со напаџите на џихадистите во 2014 година.

Од почетокот на битката за Мосул во октомври лани, според ОН, од градот заминале 915.000 луѓе.

Ослободувањето на Мосул, сепак, нема да значи крај за Исламска држава, бидејќи има под контрола и други територии во Ирак. 

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе