Ирачки пратеник ја осуди посетата на Трамп: „Бесрамна повреда на суверенитетот на Ирак“

Лидерот на едниот од двата главни блока во ирачкиот парламент, Сабах ал-Саиди ја осуди ненајавената посета на американскиот претседател Доналд Трамп.

Ал-Саиди ја оцени посетата на Трамп како „бесрамна повреда на ирачкиот суверенитет“ и повика итен состанок на парламентот посветен на оваа посета.

„Готово е со американската окупација“, рече Ал-Саиди, кој го предводи блокот Ислах, истакнувајќи дека на Трамп не требало да му се дозволи да дојде „како Ирак да е држава на САД“, пренесе Вашингтон тајмс.

Трамп претходно, додека летал кон Ирак, за новинарите изјави дека од безбедносни причини, морал да ја одложи претходно планираната посета на американските војници на Блискиот Исток и дека е „прилично тажно“  што после сѐ што САД вложиле во оваа област, неговата посета и понатаму мора да биде изненадувачка од безбедносни причини.

Во меѓувреме, портпаролката на Белата куќа Сара Хакаби Сандерс изјави дека претседателот Трамп за време на неговата посета на Ирак не бил во можност да се сретне со ирачкиот премиер Адел Абдул Махди од безбедносни причини и краткиот рок во кој ирачките власти се информирани за неговата посета.

Ирачкиот премиер, рече Сандерс ја прифати поканата на Трамп следната година да ја посети Белата куќа.

За средбата на Трамп со високи воени претставници во Ирак, Сандерс изјави дека генералите и претседателот на Соединетите Американски Држави договориле „моќен план кој ќе овозможи понатамошен пат кон целосна победа, а луѓето ќе ги видат резултати во краток временски период“.

На прашањето дали „целосна победа“ значи победа над исламската држава, таа одговори дека тоа „секако е поврзано“.

Оваа појава почнува да претставува сериозна закана за учениците, но и грижа за родителите и наставниците.

повеќе

Пробацијата претставува клучна новина во реформата на нашиот пенитенцијарен и казненоправен систем и приоритетна цел на владината политика.

повеќе

Анализа на проф. д-р Гордан Калајџиев на Решението У.бр.96/2016 од Уставниот суд.

повеќе