За да ги спречи турските сили да напредуваат

Ирачката војска ги утврдува позициите вдолж границата со Турција

Ирачката војска ги утврдува позициите вдолж границата со Турција, за да ги спречи турските сили да напредуваат подлабокот на ирачка територија по двонеделните воздушни напади, додека Анкара продолжува да ги напаѓа курдските сили на северот на Ирак.

EPA-EFE

Безбедносни службеници кажале дека Анкара поставила најмалку десет позиции на ирачка територија во рамки на воената кампања против членови на Курдистанската работничка партија (ПКК), за кои Турција тврди дека имаат засолништа на северот на Ирак, пренесува Асошиејтед прес.

Кампањата од воздух и на копно почна на 17 јуни, кога Турција со виони префрли војска во северен Ирак.

Од тогаш најмалку шест ирачки цивили биле убиени во бомбардирања на турски авиони врз мети на ПКК, а неколку села во ирачкиот северен курдски регион се евакуирани.

„Турската војска постави позиции во округот Зако, во северната провинција Дохук, околу 15 километри во ирачка територија“, соопштија функционерите.

Турција тврди дека, сѐ додека ирачката влада не преземе акции против ПКК, и понатаму ќе ја напаѓа курдската група која Турција, САД и ЕУ ја сметаат за терористичка организација поради повеќедеценискиот бунт во Турција.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе