Мајк Помпео на Твитер

„Ирачани играат на улиците, благодарни што Сулејмани веќе го нема“ (ВИДЕО)

Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави видео на кое се гледа како Ирачани слават на улиците поради смртта на иранскиот генерал Касем Сулејмани.

„Ирачаните - играат на улиците славејќи ја слободата, благодарни што генералот Сулејмани веќе го нема“, напиша Помпео на Твитер и објави снимка на толпа луѓе што трчаат по улица мавтајќи со знамиња и транспаренти.

Набргу откако беше соопштено дека е убиен најголемиот ирански генерал во Багдад, американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер објави слика на американското знаме, без коментар.

Шефот на елитната единица Кудс на Револуционерната гарда, генералот Касем Сулејмани, беше убиен синоќа во напад на американските сили на аеродромот во Багдад.

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, и иранскиот претседател Хасан Рохани ветија одмазда за смртта на генералот.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе