„Инвазија“ на мигранти во Британија, соборен е рекорд

Речиси 700 мигранти влегле во Британија преминувајќи го каналот Ламанш за само еден ден, што е рекорд за оваа година.

EPA-EFE

Оваа информација ја објави денес британското министерство за одбрана.

Вкупно 696 мигранти во 14 мали чамци го преминале во понеделникот каналот меѓу Франција и Британија. Претходниот рекорд беше поставен во април, кога преминале 651 лице.

Иако француските власти сопреле еден од бродовите со 35 луѓе, француската влада е обвинета дека не ја исполнила својата морална должност да ги заштити загрозените луѓе и да ги спречи шверцерите да ги искористуваат мигрантите кои се обидуваат да преминат во Британија.

„Франција има морална и меѓународна обврска да ги заштити загрозените луѓе, да спаси животи, да ги сопре шверцерите на луѓе и да се бори против организираниот криминал“, кажа десничарската пратеничка Натали Елфике.

Со оваа бројка, вкупниот број на мигранти кои во Британија влегле со преминување на Ламанш во 2022 година надмина 17.000.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе