Очекувана цена помеѓу 10 и 15 илјади фунти

Инвалидската количка на Хокинг продадена за речиси 300.000 фунти

Инвалидската количка на физичарот Стивен Хокинг е продадена на аукција за речиси 300.000 фунти (околу 340.000 евра), додека примерок од неговата докторска дисертација достигнала цена од речиси 585.000 фунти (околу 670.000 евра), пренесе Вашингтон пост.

Моторизираната инвалидска количка, која физичарот ја користел откако невронската Геригова болест го парализирала, е продадена за 296.750 фунти на онлајн аукција од куќата Кристи. Очекуваната цена била помеѓу 10.000 и 15.000 фунти.

Приходите од продажбата ќе одат во фондацијата на Стивен Хокинг и Здружението за моторно невронска болест.

Докторската дисертација на Хокинг од 1965 година, за потеклото на универзумот, била продадена за 584.750 фунти, што е повеќе од трипати поголема од очекуваната цена.

На 21-годишна возраст му е дијагностицирана моторна невронска болест и лекарите му прогнозирале дека ќе живее уште неколку години. Сепак, тој почина во март 2018 година, на возраст од 77 години.

Се прашувам дали градоначалникот на Охрид знаел дека „кланот" ќе додели јавно признание на вахабист.

повеќе

Македонија треба да започне со процесот на усвојување модел за правно признавање на родот со почитување на фундаменталните права и правото на личен и телесен интегритет на транс луѓето.

повеќе

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе