Интервентната полиција затвори трговски центар во Хонг Конг поради демонстрантите (ВИДЕО)

Стотици демонстранти маршираа денес низ трговските центри во Хонг Конг, нарушувајќи ја работата на продавниците трет ден по ред и присилувајќи ја интервентната полиција да затвори еден центар во туристичкиот кварт.

Трговските центри се мета на демонстрантите од католичкиот Божиќ. Доаѓа до спорадично насилство и полицијата користи солзавец да ги разбрка демонстрантите во областите полни со купувачи и туристи.

Бројот на демонстрантите вчера бил помал од претходните два дена, но интервентната полиција ги засилила патролите во трговските центри на полуостровот Ковлун и во руралните Нови територии.

Протестите во Хонг Конг почнаа пред речиси седум месеци поради сега веќе повлечениот предлог закон кој требаше да овозможи екстрадиции во матична Кина, каде судовите се под контрола на Комунистичката партија. Во меѓувреме прераснаа во пошироко продемократско движење, а за време на празниците беа забележани повеќе судири со полицијата.

Претходно месецов, откако продемократските кандидати надмоќно победија на изборите за окружните совети, протестите беа главно мирни.

Полицијата денес притворила неколку луѓе во трговски центар во руралниот кварт Таи По, северно од центарот на градот.

Преседателката на владата на Хонг Конг Кери Лам ги осуди протестите на Фејсбук, истакнувајќи дека голем број жители на градот и туристи се разочарани што им ја уништиле прославата на Божиќ, а штета трпат и трговците и угостителите.

Владата денес ја критикуваше „невидената насилност“ на некои демонстранти и порача дека заштитата на слободите и човековите права е нејзиниот приоритет.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе