Кандидатот за нов амбасадор на САД со критика на интервенцијата на Косово

„Интервениравме против Србите, православни христијани, на власт ја доведовме муслиманската нарко мафија“

Кандидатот за нов американски амбасадор во Германија, Даглас Мекгрегор, ја критикуваше воената интервенција на администрацијата на претседателот на САД Бил Клинтон против Сојузна Република Југославија во 1999 година, оценувајќи дека нејзиниот исхорд бил „доаѓање на муслиманската нарко мафија на власт во Косово“.

EPA-EFE

Во минатогодишно радио интервју, Мекгрегор американската интервенција против СРЈ во 1999 година ја оцени како обид на САД „суштински да го негуваат пријателството и разбирањето со муслиманскиот свет“, пренесува бриселски Политико.

„И така на Косово интервениравме против Србите – православните христијани, ја доведовме на власт фактички муслиманската нарко мафија и го нарековме тоа голем успех за демократијата“, кажа Мекгрегор, пензиониран полковник.

Тој додаде дека „сунитските муслимани никогаш нема да бидат пријатели“ на САД.

„Тие луѓе никогаш не биле наши пријатели. Тие никогаш нема да бидат наши пријатели. Тие се неизлечиво непријателски настроени. Зборувам за сунитските муслимани“, кажа Мекгрегор.

Мекгрегор бил одговорен за стратегиското планирање кое довело до бомбардирањето на СР Југославија во 1999, а потоа бил унапреден во надзорник на планирањето на операцијата на стратегиско ниво, што останал до крајот на НАТО интервенцијата. Под себе имал 240 офицери од земјите на НАТО.

За руската државна телевизија РТ во 2014 Мекгрегот кажа дека источните и јужните Украинци се „целосно Руси“. Наведе и дека контроверзниот референдум за припојувањето на црноморскиот полуостров Крим на Русија, кој САД и ЕУ го осудија како нелегален, требало да биде одржан.

Мекгрегор, чест гостин на телевизијата Фокс њуз, кажал и дека муслиманските емигранти доаѓаат во Европа „со цел на крајот да ја претворат Европа во исламска држава“.

Тој ја критикуваше Германија што на „милиони несакани муслимански натрапници“ им дала одредени погодности наместо да ги зголеми трошоците за своите оружени сили.

За позицијата амбасадор во Германија Мекгрегор го предложи претседателот на САД Доналд Трамп. Неговото именување треба да го потврди американскиот Сенат.

Ако биде избран, во Берлин ќе го наследи специјалниот претставник на САД за преговорите на Србија и Косово, Ричард Гренел.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе