Операција Блекрист

Интерпол спаси 50 деца откако разби педофилски веб-сајт

Меѓународната полициска група Интерпол во четвртокот објави дека девет лица се уапсени во Тајланд, Австралија и САД, а 50 деца се спасени откако истражувачите разбија онлајн педофилски ланец.

Се очекуваат повеќе апсења бидејќи полицијата спроведува истраги во речиси 60 земји, произлезени од операцијата на Интерпол, започната пред две години за скриена „дарк веб“ страница со 63.000 корисници ширум светот.

Педесетина деца се спасени по апсењата. Полицијата се обидува да идентификува дополнителни 100 деца од сликите кои биле споделувани на немапирани страници на интернет.

Интерпол објави дека операцијата Блекрист започнала откако открила материјал што ги довел до страница на „дарк веб“ базирана на претплата, каде што луѓето можеле да користат енкриптиран софтвер за да не бидат откриени.

„Дар веб“ страниците не можат да се најдат преку пребарувачите, а корисниците треба да имаат точна УРЛ адреса за да отидат на одредена страница.

Интерпол ангажирал помош од национални агенции ширум светот, при што Одделот за истраги за домашна безбедност на САД (ХСИ) на крајот ја следел ИП адресата на сајтот, каде што нови фотографии и видеа биле поставувани неделно.

Првите апсења биле на почетокот на 2018 година, кога главниот администратор на страната Монтри Салангам, бил уапсен во Тајланд, а друг администратор Руеха Токпутца бил фатен во Австралија.

Салангам, чија жртва бил и еден од неговите внуци, во јуни минатата година е осуден на 146 години затвор од страна на тајландски судови, додека негов соработник, наставник од предучилишна возраст, добил 36 години затвор.

На Токпутца му е изречена 40-годишна затворска казна од судот во Австралија минатиот петок, најголема казна за сексуални престапи во земјата.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе