Според приштинска Коха

Интерпол повторно ќе гласа за приемот на Косово

Генералното собрание на Интерпол ќе гласа за барањето на Косово за членство во таа организација, јави денес приштинска Коха.

Весникот се повикува на тврдења на заменикот на генералниот директор на косовското министерство за надворешни работи Астрит Земај.

Коха наведува дека извршниот одбор на Интерпол расправал за барањето на Косово за членство во институцијата и решил да го упати барањето на косовската полиција на гласање на Генералното собрание на Интерпол, кое годинава ќе се одржи во Чиле.

Земај на Фејсбук напиша дека на денешната дебата на извршниот одбор на Интерпол учествувале 10 земји од кои, како што вели, имало три кои ја признале независноста на Косово.

Тој тврди и дека набрзо сите учесници се заложиле барањето на косовската полиција да се разгледува на Генералното собрание.

Земај додаде дека се надева дека Србија ќе реагира разумно и наведе дека „би било примитивно и нелогично да се спречува и лонора против членството на косовската полиција во Интерпол, а од друга страна да се зборува за мирот и стабилноста“.

„Сметам на вас“. Со овие зборови, претседателот Макрон апелираше до граѓаните на Северна Македонија да гласаат за Преспанскиот договор на референдумот на 30 септември 2018.

повеќе

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе