По барање на Иран

Интерпол одби да го уапси Трамп

Интерпол одби да го разгледа барањето на Иран да се распише меѓународна потерница по претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп за убиството на генералот Касем Сулејмани.

EPA-EFE

Како што пренесуваат агенциите, внатрешните правила на Интерпол не овозможуваат да се реагира на барањето на судските власти на Иран, бидејќи на организацијата ѝ е забрането да се „меша и изведува акции од политички, воен, религиозен или расен карактер“.

САД на 3 јануари во Багдад го ликвидираа Сулејмани, генералот на Корпусот на чуварите на исламската револуција, во напад со дрон. Иран возврати со ракетен напад врз ирачка база во која се стационирани американски војници.

Првично американскиот претседател Доналд Трамп и раководството на Пентагон соопштија дека немало загинати.

Иран тврди дека во нападот загинале 80 американски војници и била предизвикана значителна материјална штета.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе