Институциите на ЕУ го одобрија дигиталниот ковид-сертификат

Претседателите на трите институции на ЕУ - Европскиот парламент, Европскиот совет и Европската комисија - присуствуваа на официјалната церемонија на потпишување на регулативата за дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ, со што беше завршен законодавниот дел од процесот.

Фото: Пиксабеј

„Дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ е симбол на она што го претставува Европа - Европа што не се сопнува кога ќе биде ставена на тест, Европа што се обединува и расте кога се соочува со предизвици. Нашата Унија уште еднаш покажа дека сме најдобри кога работиме заедно. Се договоривме за дигиталниот ковид-сертификат во рекорден рок од 62 дена. Можеме да бидеме горди со она што го постигнавме, а тоа е Европа каква што сите ја знаеме - онаа што не познава граници“, се вели во заедничката изјава на Давид Сасоли, Урсула фон дер Лајен и Антонио Коста.

Според соопштението, целта на дигиталниот ковид-сертификат на ЕУ е да се олесни безбедното и слободно движење во рамките на ЕУ за време на пандемијата на коронавирусот. Сите Европејци имаат право да се движат слободно и без сертификат, но тоа ќе го олесни патувањето и ќе ги ослободи од задолжителниот карантин и слични мерки.

Заклучено е дека сертификатот ќе биде достапен за сите и ќе:

- опфаќа вакцинирање, тестирање и закрепнување од ковид-19;

- ќе биде бесплатен и достапен на сите јазици на ЕУ;

- ќе биде достапен во дигитална и во печатена форма;

- ќе биде безбеден и ќе содржи баркод.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе