Инфлацијата во Венецуела е толкава што јадење во Мекдоналдс чини повеќе од плата (ФОТО)

Хиперинфлацијата во Венецуела е толкава што во март годинава оброкот „Хепи миал“ во светски познатиот синџир за брза храна Мекдоналдс чинел повеќе од минималната просечна плата во јужноамериканската земја, јавува Бизнис инсајдер.

Хесус Јепез, кој живее во главниот град на венецуела Каракас, испратил до Бизнис инсајдер фотографија од менито на тамошниот Мекдоналдс на кое се гледа дека „Хепи миал“ во март чинел 18.500 венецуелски боливари. Тој износ е поголем од минималната плата во Венецуела во тоа време. Минималната плата во меѓувреме пораснала на 40.000 венецуелски боливари.

Јепез, кој по професија е архитект, ѝ купувал на својата ќерка сладолед кога го забележал ценовникот на Мекдоналдс и решил да го фотографира. Тој раскажал и дека во тој момент ресторанот бил речиси празен бидејќи во Венецуела луѓето престанале да се хранат надвор.

„Кога ќе видиме колку е сериозна кризата, единствено што можеме да направиме е да „бидеме среќни““, кажал Јепез, алудирајќи на слоганот на Мекдоналдс. Поради кризата во Венецуела луѓето се трудат да преживеат со постојаната хиперинфлација, недостигот од храна и медицински препарати. Досега три милиони луѓе ја напуштија земјата.

Вредноста на венецуелската валута боливарот падна за 99 отсто од 2013 година. Гардијан пишуваше за тоа дека сѐ повеќе луѓе се вртат кон размена на добра или користење други валути ако можат да дојдат до нив.

„Голем број луѓе коментираат дека нашата валута се претвори во парите од Монопол поради лудата инфлација на која сме сведоци“, вели Јепез.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе