Индонезискиот министер критикуван бидејќи го спореди коронавирусот со жените

Министерот за безбедност на Индонезија се најде на удар на критики од јавноста откако го спореди коронавирусот со жените, во обид да ја ублажи загриженоста на граѓаните поради релаксирањето на строгите епидемиолошки мерки.

EPA-EFE/MAST IRHAM

Индонезиската влада планира да го укине карантинот во некои делови од земјата и да се подготви за она што се вика „ново нормално“.

„Дали ќе останеме засекогаш затворени? Можеме ли да се прилагодиме на ситуацијата и истовремено да се грижиме за здравјето“, рече министерот Мохамад Махфуд во видео објавено во средата на Јутјуб.

„Пред некој ден добив мем од една пријател кој вели: Короната е како жена. Прво сакате да ја контролирате, па сфаќате дека не можете. Па потоа учите да живеете со неа“, рече тој.

Изјавата предизвика жестоки реакции од активистки и други Индонезијци.

Некои граѓани се загрижени за отворањето на економијата во време кога ширењето на инфекцијата не е запрено.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MAST IRHAM

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе