Не се знае дали има преживеани

Индонезиски авион со 189 патници се урна десет минути по полетувањето (ФОТО+ВИДЕО)

Авион на индонезиската компанија Лајон ер, со 189 патници и членови на екипажот, се урна денес во морето во близина на островот Јава, кратко по полетувањето од главниот град Џакарта, изјавија официјални лица, пренесе Ројтерс.

Спасувачките тимови засега не знаат дали има преживеани и потрагата е во тек, на прес-конференција изјави индонезискиот шеф на агенцијата за вонредни ситуации, додавајќи дека сигнал за тревога не бил примен од предавателот за итни случаи на авионот.

Боинг 737 исчезна од радарот околу десет минути по полетувањето, а весникот Стрејт тајмс објави дека летал на линијата Џакарта - Палканпинанг на островот Банка во Индонезија.

Најмалку 23 владини претставници биле во авионот, а Едвард Сирајт извршниот директор на Лајон ер, рече дека авионот за време на неодамнешен лет имал технички проблеми, но дека „биле отстранети во согласност со процедурата“.

Тој не прецизираше за каков проблем се работело, но истакна дека ниту еден друг авион немал слични потешкотии.

Во морето се пронајдени бројни работи на патниците, а се пронајдени и лични картички и возачки дозволи на некои од патниците.

Лајон ер е најголемата приватна авиокомпанија од Индонезија која работи на 126 аеродроми во Индонезија, Сингапур, Виетнам, Малезија и Саудиска Арабија.

Лајон ер е на листата компании на кои им се забранети летови во областа на Европската унија.

Според Би-би-си, меѓу патниците имало и две деца и едно новороденче. Покрај трите деца, имало 178 возрасни патници, како и двата пилоти и пет членови на екипажот. Вкупно 188 лица.

Во авионот имало 20-ина претставници од индонезиското министерство за финансии, кои се враќале од викенд.

Уште не е јасно што точно се случило. Авионот во еден момент побарал да се врати на аеродромот во Џакарта. Тоа му било овозможено, но потоа исчезнал од радарот. Се работи за нов, неколку месеци стар авион кој имал само 800 часа лет. Пилотите биле искусни.

Најголемата авионска несреќа во Индонезија се случила во 1997 година, кога авионот А300 на компанијата Гаруда Индонезија се урна во градот Медан. Тогаш настрадаа 214 лица.

Лајон ер е основан во 1999 година, а во 2004 година во несреќа на авионот МД-82 на оваа компанија во Соло Сити животите ги загубија 25 од 163 патници.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе