Индонезија со фатва ги забрани вакцините, погодете какви се последиците

Индонезискиот Совет на улеми, највисокото исламско тело во таа земја, во август годинава ја забрани употребата на вакцини против сипаници и рубеола, поради сомнеж дека се произведуваат од материјал добиен од свињи, кои во исламот се сметаат за нечисти животни.

Иако во случаи кога нема соодветна заменска вакцина законски е дозволено и користење на забранети вакцини, голем број жители на Индонезија сепак ја почитуваат оваа верска одредба, што води кон пад на колективниот имунитет односно колективната заштита од спомнатите болести, пишува Сајенс алерт.

Наведената верска забрана односно фатвата не е законски обврзувачка, но мислиманите кои строго ги следат религиозните принципи на својата заедница, ги сфаќаат таквите забрани многу сериозно.

Ако на тоа се додадат генерална недоверба на граѓаните кон вакцините и неинформираноста на луѓето во тоа како вакцините дејствуваат и на кој начин го штитат целото општество, опасноста од епидемија на сипаници и рубеола е сѐ поголема. Индонезиската влада затоа вложува многу труд за да ги зголеми нивоата на вакцинираност во земјата.

Затоа, и покрај многуте проблеми, успеала да почне проект за вакцинирање деца на островот Јава за да ги сопре зачестените појави на жаришта на сипаници. Целта на владата е да вакцинира речиси 70 милиони деца на возраст меѓу 9 месеци и 15 години.

Проектот засега е успешен.

„Успеавме да постигнеме 95-отстотна вакцинираност меѓу младата популација. Се надеваме дека наскоро ќе дојдеме до 100 отсто“, изјави Соекарво, гувернер на Источна Јава.

Но, немаат сите исламски и еврејски заедници проблем со лековите кои се базирани врз желе добиено од свињи, особено ако станува збор за толку важно нешто како висока вакцинираност.

На пример, државниот Одбор за фатва на малезиската држава Теренгану во 2016 година донесе одлука за задолжително вакцинирање.

Интересно е тоа што токму поради таа одлука индонезиските власти му се обратиле на Советот на улеми, со надеж дека ќе ја донесе истата одлука (фатва). Но, се случи сосема спротивното. Советот одлучи дека вакцините се харам (забранети и недозволени). Советот сепак призна дека станува збор за чувствителна одредба бидејќи нема заменски видови вакцини. Со тоа всушност своите следбеници ги ставија во незгодна ситуација – ако сакаат да ги спасат своите деца од болести, мора да ја кршат верската забрана. Индонезиските власти бараат решение за новата ситуација.

Последиците на збунувачката фатва се сериозни. За разлика од Јава, каде вакцинираноста на децата е 95 отсто, во останатите делови на Индонезија, поради фарамот и неинформираноста на луѓето, е исклучително ниска. Некаде изнесува само 7 отсто.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе