Индонезија ќе си го смени главниот град

Го сели од Јава на Борнео.

Претседателот на Индонезија најави дека главниот град на земјата ќе биде преместен од пренатрупаната, загадена Џакарта, која тоне, во провинцијата Источен Калимантан.

Претседателот Јоко Видодо на прес-конференција денеска изјави дека одлуката да се одбере провинцијата на индонезиската страна на островот Борнео, кој го делат со Малезија и Брунеите, поминала низ детални студии. Тој рече дека најидеална локација за новиот главен град е шумската област на границата меѓу регионите Пенаџам Пасер и Кутаи Кертанегара, пренесува АП.

„Локацијата е стратегиски избрана, таа е во центарот на Индонезија“, рече Јоко.

Во избраната област постојат минимум ризици од поплави, земјотреси, цунами и вулкански ерупции, додаде тој.

Децениската дискусија во Индонезија за изградба на нов главен град на Борнео напредна во април, кога Видодо го одобри планот за нејзино преместување од Џакарта на Јава, најнаселениот остров во светот. Џакарта е растечка метропола од 10 милиони луѓе, или трипати повеќе од тој број ако се бројат оние што живеат во нејзината поширока област.

Предлог-законот за новиот главен град треба да биде одобрен во вторник.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе