Индонезија им враќа 142 контејнери полни со ѓубре на развиените земји

Индонезија ќе врати 142 контејнери полни со ѓубре во Австралија и други развиени земји откако било откриено дека во пратките има токсични материјали, објави денес индонезиската царина.

Одлуката следи по истрагата на над 250 контејнери полни со главно пластичен отпад кои ги увезле три компании.

„Три компании увезле пластичен отпад помешан со токсични и опасни материјали“, се наведува во соопштението.

Најмалку 100 контејнери ќе бидат вратени во Австралија, а другите земји од кои се увезени забранетите материјали се САД, Британија и Шпанија.

Индонезија годинава веќе брати 195 контејнери пластичен отпад измешан со забранети материјали во земјите од кои дошле. Во постапка за враќање се уште 62 контејнери во рамки на таа истрага.

Големи количества пластичен отпад од индустриски развиените земји се испраќаат во Индонезија и други земји во југоисточна Азија откако Кина минатата година го прекина увозот на отпад од странство за да го намали загадувањето.

Но, сега и земјите како Индонезија, Малезија и Филипини порачуваат дека не сакаат да станат светски депонии.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе