Индискиот премиер вети помош за целото човештво околу производството на вакцини

Индискиот премиер Нарендра Моди во саботата во ООН вети дека производствениот капацитет на својата земја за производство на вакцини ќе го направи глобално достапен во борбата против коронавирусот.

Фото: ЕПА

„Како најголем производител на вакцини во светот, сакам денес да ѝ дадам уште едно ветување на глобалната заедница“, рече индискиот премиер Моди во претходно снимениот говор пред Генералното собрание на ООН.

„Индискиот капацитет за производство и испорака на вакцини ќе се искористи за да му помогне на целото човештво да се избори со оваа криза“, додаде тој.

Моди рече дека Индија оди напред со третата фаза на клинички испитувања, односно со испитување на вакцината на голем број луѓе, што се смета за клучна фаза за утврдување на безбедноста и ефикасноста на вакцината.

Индискиот премиер рече дека Индија ќе им помогне на сите земји да ги подобрат капацитетите за складирање и ланецот за доставување вакцини.

Во август, Моди рече дека Индија е подготвена за масовно производство на вакцини кога тоа ќе го одобрат научниците.

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, повика на „народна вакцина“, вакцина што ќе биде достапна и поволна насекаде во светот, а во вторникот изрази загриженост дека некои земји „наводно прават посебни договори само за своите жители“.

„Таквата ‘вакцинација’ не само што е нечесна, туку е и самоуништувачка. Никој од нас не е безбеден, додека сите не се безбедни. Сите го знаеме тоа“, рече тој пред Генералното собрание на ООН.

Австралискиот премиер Скот Морисон во петокот пред Генералното собрание изјави дека „кој и да најде вакцина, мора да ја сподели“. „Некои може да видат можност за краткорочна предност или дури и напредок“, рече Морисон.

„Сепак, го уверувам секој што може така да помисли дека човештвото ќе има многу добро сеќавање и ќе биде многу, многу остар судија“, рече тој, додавајќи дека Австралија ќе ја сподели вакцината доколку ја најде.

„Тоа е ветување што сите мора да го дадеме“, додаде тој.

Папата Франциско во петокот пред Генералното собрание рече дека најсиромашните и најслабите членови на општеството треба да бидат приоритет кога вакцината ќе биде подготвена.

Индија бележи повеќе од 5,8 милиони случаи на коронавирус, а има повеќе случаи на инфекција само во САД.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе