Индискиот премиер Моди оствари историска победа на изборите

Националистичката партија на индискиот премиер Нарендра Моди оствари историска победа на парламентарните избори, објави неговиот министер за надворешни работи по пребројувањето на стотици милиони гласачки ливчиња на масовните избори одржани во повеќе фази.

Податоците на изборната комисија покажуваат дека хиндуистичката партија на Моди, Баратија џанати парти (БЈП) освои 292 од 542 места, многу повеќе од потребните 272 за мнозинство во долниот дом на парламентот.

Главната опозициска Конгресна партија освои 51 место, според резултатите.

Убедливата победа на БЈП ќе ги охрабри хиндуските групации кои сакаат да доминираат во земјата и ќе ги вознемири малцинските муслимани.

Тоа исто така ќе ги подбутне реформите на Моди чија цел е да се намали невработеноста и сиромаштијата во селата.

Околу 900 милиони Индијци имаа право да гласаат на изборите кои се одвиваа во седум кругови.

Исцрпувачките 39-дневни избори започнаа во сенка на зголемени тензии со соседен Пакистан, кои владејачката партија на Моди БЈП ги искористи за да ја насочи изборната кампања на националната безбедност.

Во оваа предизборна кампања БЈП располагаше со големи износи со кои е финансирана промотивната кампања, па Моди можеше да наметнува теми кои му одговараат.

Неговата одлука да го нападне наводниот камп на милитанти во Пакистан, по самоубиствениот бомбашки напад во Кашмир, во кој загинаа 40 индиски полицајци, ја зајакна неговата популарност пред изборите.

Опозициската Конгресна партија и други регионални коалиции се фокусираа на неспособноста на владата да управува со економијата и нејзината неспособност да создаде нови работни места.

Кампањата, во меѓувреме, стана многу лична и насилна, а конфликтите на спротивставените блокови ги отежнаа изборите во Западен Бенгал.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе