Трагедија

Индиски магионичар исчезна во река по обидот да го имитира Худини (ВИДЕО)

Се стравува дека индискиот магионичар Чанчал Лахири, кој врзан со синџири е спуштен во река во обид да го имитира Хари Худини, не го преживеа својот подвиг, пренесе Би-би-си.

Целта на точката била магионичарот Чанчал Лахири да се ослободи од синџирот и да отплива на безбедно од реката Хугли во индиската држава Западен Бенгал. Меѓутоа тој не испливал.

Набљудувачите на подвигот на Лахири ја информирале полицијата која веднаш започнала потрага.

Лахири, познат и како Мандраке, во реката е спуштен од чамец. Бил окован со синџир за чие врзување се употребени шест брави. Од брегот и мостот Ховра во Калкута го гледале повеќе луѓе.

И покрај потрагата извршена од страна на полицијата и нуркачкиот тим, магионичарот во неделата вечер сè уште не бил пронајден. Еден од полициските службеници за весникот Хиндустан тајмс изјави дека Лахири не може да биде прогласен за мртов се додека неговото тело не се пронајде.

Фотографот за локалните весници, Џејант Шо го следеше перформансот на Лахири и разговараше со него непосредно пред изведбата.

„Кога го прашав зошто го ризикува својот живот за магија, тој рече: „Ако успеам, ќе биде магија. Ако не успеам, ќе биде трагедија“, рече Шо и потврди дека Лахири имал намера „да го заживее интересот за магијата“.

Ова му е втор обид на Лахири за ризична подводната точка, откако пред 20 години во истата река беше спуштен во стаклена кутија и успеа да побегне.

Шо и тогаш бил присутен: „Воопшто не помислив дека овој пат нема да излезе од водата“.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе