Индиската планина од ѓубре „до 2020 година ќе биде поголема од Таџ Махал“ (ФОТО+ВИДЕО)

Највисоката индиска планина од ѓубре, наречена „Монт Еверест на ѓубрето“, сега е толку висока што ѝ се потребни предупредувачки светла за авионите да не се удрат во неа а наскоро ќе биде повисока од Таџ Махал.

Огромната депонија Газипур е речиси голема колку 40 фудбалски терени, со должина од над 65 метри, и расте за околу 10 метри секоја година, со што во 2020 би била повисока од Таџ Махал (73 метри), јавува Франс прес.

Минатата година врховниот суд на Индија предупреди дека наскоро ќе бидат потребни предупредувачки светла на депонијата за авионите да не се удрат во неа, и сега тоа се остварува, зацврстувајќи ја планината од ѓубре како интернационален симбол на загадувањето на планетата.

Депонијата Газипур била отворена покрај Њу Делхи во 1984 година и требало да биде затворена кога го достигнала својот капацитет во 2002. Меѓутоа, во неа сѐ уште пристигнуваат стотици камиони со околу 2.000 тони ѓубре секој ден.

Фрлањето ѓубре било привремено забрането во 2018 откако поплави предизвикале уривање на дел од планината, при што загинаа две лица. Депонијата била повторно отворена за неколку дена, бидејќи властите не можеа да најдат алтернатива.

Организациите за заштита на животната средина бараат затворање на депонијата, истакнувајќи дека е небезбедно за сите кои живеат во радиус од 5 километри околу неа, бидејќи предизвикува значителен здравствен ризик.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе