Индија забрани извоз на житарици, глобалните цени се во пораст

Цената на пченицата дополнително порасна на меѓународните пазари откако Индија воведе забрана за извоз на основните житарки. Индексот на цената на пченицата се зголеми за 5,9 отсто во Чикаго, што е највисоко во последните два месеци. Индиската забрана за извоз уследи откако топлотниот бран ги исуши житните култури во земјата и ги зголеми домашните цени на рекордно високо ниво, пишува Би-би-си.

Unsplash/Evi Radauscher

Цените на многу производи - од леб и колачи до тестенини - се зголемија во последниот месец, како и цените на пченицата на светските стоковни пазари. Индиската влада соопшти дека ќе продолжи да дозволува извоз во земјите со веќе договорен извоз и оние кои ќе побараат понуда „за да ги задоволат своите потреби за прехранбена безбедност“, јавува Би-би-си.

Владините претставници исто така рекоа дека забраната не е трајна и дека може да се ревидира. Одлуката на Индија беше критикувана од министрите за земјоделство на групата седум големи економии на Г7, кои се состанаа во Германија.

„Ако сите почнат да воведуваат ограничувања за извозот или да ги затвораат пазарите, тоа би ја влошило кризата“, рече германскиот министер за храна и земјоделство Џем Оздемир. Иако Индија е втор најголем производител на пченица во светот, таа претходно не била главен извозник бидејќи повеќето од нејзините култури се продавале на домашните пазари.

Но, украинскиот извоз на пченица падна по руската инвазија. Со сушите и поплавите кои им се закануваат на посевите во другите земји со силно производство, трговците очекуваа залихите од Индија да надоместат дел од недостатокот. Пред забраната, Индија имала намера да испорача рекордни 10 милиони тони пченица оваа година.

Пред само една недела, високи претставници на индиското министерство за трговија изјавија дека се оптимисти во поглед на зголемување на извозот на пченица од земјата за да се задоволи глобалната побарувачка. Тие ја повторија изјавата на премиерот Нарендра Моди дека „Индија е подготвена да го нахрани светот“. Но, дојде до пресврт поради сушата.

ОН соопштија дека глобалните цени на храната благо паднале во април, но останале за речиси 30 отсто повисоки од истиот период минатата година. Зголемувањето на цените на храната, заедно со поскапувањето на енергијата, поттикнуваат инфлација. Ова ги поттикна главните централни банки, вклучително и американската и британската, да ги зголемат каматните стапки во обид да го запрат растот на цените.

Но, ова од друга страна ја зголеми загриженоста дека повисоките трошоци на задолжување би можеле да влијаат на глобалниот економски раст, при што некои експерти предупредуваат на рецесија.

Легенда под Главна слика

Unsplash/Evi Radauscher

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе

Самостојните уметници не се доволно мотивирани да создаваат. 

повеќе