Индија влезе меѓу десетте најпогодени земји, рекорден број новозаразени на ден

Индија во понеделникот забележа најголем раст на новозаразени во еден ден од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Фото: ЕПА

Така, влезе во првите десет земји во светот погодени од коронавирус, надминувајќи го Иран. И покрај овие бројки, индиската влада неодамна го отвори домашниот воздушен сообраќај.

Индија во изминатите 24 часа пријави 6.977 новозаразени, со што вкупниот број од почетокот на пандемијата достигна 138.845, и покрај тоа што од март е на сила најдолготрајниот светски карантин во државата, воспоставен од страна на премиерот Нарендра Моди. Вкупниот број на смртни случаи надмина 4.000.

Скокот во бројот на новозаразени доаѓа во време по повторното отворање на продавниците и воведувањето дозвола за патување, што деновиве се спроведува во Индија, како дел од мерките за релаксација.

Некои патници и членови на екипажот рекоа дека атмосферата на аеродромите била доста мрачна и дека обезбедувањето строго се придржува до мерките, постојано потсетувајќи ги патниците за мерката на социјална оддалеченост со задолжителна употреба на маска.

Во некои сојузни држави на Индија дошло до конфузија поради противречностите. Некои сојузни влади не инсистирале на карантин по патувањето, за разлика од некои други држави.

Индиската железница објави дека во следните 10 дена ќе работат специјални 2.600 возови за да им помогнат на 3,5 милиони мигрантски работници да се вратат во своите домови.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе