Индија веројатно до есен нема да извезува големи количини вакцини

Индија веројатно нема да извезува значителни количини на вакцина против коронавирус до октомври, бидејќи пренасочува сè за домашна употреба, изјавија три владини извори.

Фото: ЕПА

Серум институт Индија (СИИ), најголемиот светски производител на вакцини, кој ја произведува Астразенека, се надева дека до крајот на годината ќе започне со испораки во други земји и до програмата Ковакс за сиромашните земји.

„Нагласуваме дека никогаш не сме извезувале вакцини на штета на индискиот народ и дека ќе направиме сè за да вакцинираме што повеќе луѓе во земјата“, соопшти СИИ.

Соочена со најголем пораст на бројот на зарази, Индија престана да извезува вакцини пред еден месец, откако донираше или продаде повеќе од 66 милиони дози. Поради тоа Бангладеш, Непал, Шри Ланка и поголемиот дел од Африка се борат да најдат други извори.

Светската здравствена организација, која управува со Ковакс, вчера ги повика производителите надвор од Индија да ги засилат испораките до програмата поради недостиг на вакцини од таа земја. Владини извори велат дека сега им е приоритетно вакцинирање во Индија, која премина 25 милиони заразени и секојдневно регистрира рекорден број нови случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе