Чандрајан 2

Индија успешно лансираше ракета на Месечината (ВИДЕО)

Индиската вселенска агенција објави дека успешно лансирала ракета на Месечината во мисија која минатиот понеделник непосредно пред лансирањето беше одложена поради технички проблем.

Ракетата Чандрајан 2, изградена од Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), е лансирана во 14:43 по локално време или во планираното 11:13 часот по средно европско време.

Лансирањето е емитувано во живо на телевизија и на социјалните мрежи. Индијците се надеваат дека нивната мисија во вредност од околу 150 милиони долари ќе биде прва на јужниот пол на Месечината.

Одбројувањето беше прекинато пред една недела, на 15 јули, 56 минути пред лансирањето, откако „е воочен технички проблем во системот за лансирање“, објави тогаш ИСРО.

Индиските медиуми објавија дека виновникот за одложување на лансирањето е протекување од боцата со хелиум во криогенскиот ракетен мотор. Дефектот во меѓувреме е отстранет.

Ако мисијата помине како што се предвидува Индија ќе стане четврта земја која успешно слета на природниот сателит на Земјата.

Чандрајан 2 или Месечева кочија 2 требало да биде лансирана од тропскиот остров Андре Прадеш по неколкудецениски долг развој и само пет дена пред 50-годишнината од првото слетување на Месечината, но тоа не се оствари.

Речиси сите делови на Чандрајан 2 се дизајнирани и произведени во Индија.

Индија го употреби својот најмоќен ракетен лансер ГСЛВ Мк III кој лансираше 2.4 тони тежок орбитер со рок на траење од околу една година.

Вселенското летало пренесува 1.4 тони тешка платформа за слетување Викрам, која пак пренесува 27 килограми тежок лунарен ровер Прагијан на рамнината меѓу двата кратера на јужниот пол на Месечината.

Директорот на Индиската организација за вселенски истражувања (ИСРО), К. Сиван, рече дека конечното слетување на Викрам, кое ќе трае 15 минути, ќе ги претставува „најнапнатите моменти бидејќи Индија никогаш досега не започнала таква комплексна мисија“. Сиван објасни и дека мисијата ќе бара знаци за вода и „фосилни записи на раниот Сончев систем“.

Премиерот Нарендра Моди вети дека ќе испрати човечка мисија во вселената до 2022 година.

Гледајќи го лансирањето во близина на вселенскиот центар, Моди рече: „Секој Индиец е неизмерно горд денес!“.

Повеќето експерти велат дека геостратегиските влогови се мали, но дека индискиот нискобуџетен модел може да го „освои“ секторот на комерцијални вселенски летови.

„Основно прашање кое треба да си го поставиме во овој контекст е не дали Индија треба да започне такви амбициозни вселенски потфати, туку дали Индија може да си дозволи да ги игнорира“, рече К. Кастуриранган, поранешен директор на ИСРО.

Индија има тенденција да биде меѓу лидерите во истражувањето на универзумот, додаде тој.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе