Ново опасно жариште

Индија трупа војска на границата со Кина, станува сѐ понапнато

Индија го засили своето воено присуство вдолж границата со Кина, на североистокот, додека граничниот спор на страгиски важната Хималајска висорамнина ги засилува тензиите меѓу двете земји, пренесуваат агенциите.

„Зголемен е бројот на војници вдолж границата со Кина, во секторите (на индиските држави) Сикима и Аруначала“, соопшти функционер на индиската влада, а пренесува ганецијата ПТИ.

Зголемен е и степенот на готовност на војската, изјавил функционерот чие име не е наведено.

Тој истакнал и дека Индија не го зголемила бројот на војници на тромеѓето со Кина и со Бутан, каде околу 350 индиски и кинески војници речиси седум дена ги држат позициите во тензична атмосфера.

Граничниот спор меѓу двете земји изби во јуни кога Индија на стратегиската област, на која сметаат дека имаат право и Кина и Бутан, испрати војска за да ги спречи кинеските војници да изградат пат.

Тензиите пораснаа кога Индија, сојузничка на Бутан, распореди свои оружени сили, на што Кина возврати со зголемување на бројот на војниви во регионот кој го смета за свој и бара повлекување на индиската војска.

Без оглед дали сте поддржувач или противник на претходната власт, не можете да оспорите дека таа постави сосема нови стандарди во поглед на мерките, напорите и вложувањата за да се привлечат странски инвестиции, за наши услови. 

повеќе

Ако лидерите на двете најмоќни земји во светот – САД и Кина имаат суштински разлики во начинот на кој тие гледаат на меѓународните односи, какви се изгледите за глобално зајакнување на соработката?

повеќе

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе