Индија плати аванс за рускиот С-400, моќниот ракетен систем ќе биде испорачан до 2025

Русија го почна производството на ракетниот систем С-400 наменет за Индија.

Обврските од договорот ќе бидат исполнети до 2025 година, изјави извршниот директор на рускиот државен произведувач Ростек, Сергеј Чемезов.

Тој на саемот Дубаи ершоу 2019 наведе дека Индија однапред ја платила нарачката, но не сакаше да ја открие цената, јавуваат руските агенции.

Њу Делхи најави дека планира да го купи рускиот ракетен систем С-400 уште во 2015 година, а за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Индија минатата година беше потпишан договорот вреден 5,43 милијарди долари.

Навивачите на Шкендија, „балистите“, уште еднаш ќе навиваат против земјата во која живеат. Овојпат нивната поддршка ќе ја има Косово, кое на 26 март во Скопје ќе излезе на исклучително важен дуел против Македонија.

повеќе

Не ми се верува дека кај нас некој си одбор дебатирал и одлучувал за ова ребрендирање. Повеќе ми личи на пост-празнична летаргија.

повеќе

Потребна е промена на Законот за влада и на Изборниот законик, со која ќе се воведе правилото избор на автентична техничка влада која би владеела за време на изборниот процес, од распуштањето на парламентот до формирањето нова влада односно за време на изборната кампања.

повеќе