Коронавирус

Индија надмина 20 милиони заразени, „најлошото допрва доаѓа“ (ВИДЕО)

Бројот на лицата заразени со коронавирусот во Индија надмина дваесет милиони, според официјалните податоци на индиското Министерство за здравство.

Фото: ЕПА

Индија во последните 24 часа забележа 357.229 нови инфекции.

Вчера во Индија имало 3.449 смртни случаи од ковид-19, а вкупниот број на смртни случаи од избувнувањето на пандемијата е 222.408.

Земјата со 1,3 милијарда жители е погодена од втор бран на епидемијата, а од крајот на март досега евидентирани се осум милиони нови инфекции.

На јужноазиската земја ѝ требаа нешто повеќе од четири месеци за вторите 10 милиони случаи, наспроти повеќе од 10 месеци за нејзините први 10 милиони.

Се верува дека вистинските бројки се многу поголеми – недоброеноста е одраз на проблемите во здравствениот систем.

Д-р Ашиш Јха, декан на Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Браун во САД, рече дека е загрижен што индиските политичари со кои е во контакт веруваат дека работите ќе се подобрат во следните неколку дена, пренесува Еј-би-си.

„Јас... се обидов да им кажам: ако сè оди многу добро, работите ќе бидат ужасни во следните неколку недели. А може да биде многу подолго“, рече тој.

Високиот суд во Њу Делхи објави дека ќе почне да ги казнува владините службеници доколку не бидат доставени резервите кислород наменети за болниците.

„Што е многу многу е“, порача судот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе