Индија ја одобри Спутник V

Индија ја одобри руската вакцина Спутник V против ковид-19, објави големата локална фармацевтска компанија во таа земја со 1,3 милијарда жители, која повторно имаше најголем број новозаразени лица во светот.

Фото: ЕПА

„Среќни сме што добивме одобрение за употреба на Спутник V во Индија“, рече Г. В. Прасад, извршен директор на „Д-р Редис лабораторис“, во изјавата пренесена од француската агенција Франс прес.

Третата вакцина против коронавирусот е одобрена за употреба во Индија во екот на смртоносен втор бран на инфекции.

Руската Спутник V се смета за безбедна и работи на сличен начин како вакцината Оксфорд-Астразенека, која во Индија се произведува како Ковишилд.

Спутник V обезбедува околу 92% заштита од ковид-19, покажаа најновите резултати од тестовите објавени во Лансет.

Индија досега даде повеќе од 100 милиони дози од две одобрени вакцини - Ковишилд и Коваксин.

Индија потврди 161.736 нови инфекции со коронавирусот, што повторно е највисок дневен рекорд во светот во земјата со 13,69 милиони потврдени инфекции, според Министерството за здравство.

Бројот на починати од ковид-19 се искачи за 879 во Индија и сега изнесува 171.058, според последните податоци на веб-страницата на Универзитетската болница Џон Хопкинс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе