Индија има над 300.000 нови случаи 12-ти ден по ред

Индија регистрира повеќе од 300.000 нови инфекции со коронавирусот 12-ти ден по ред, со што вкупниот број достигна речиси 20 милиони заразени, а бројот на починати се зголеми за 3.417 лица.

Фото: ЕПА

Со 368.147 нови случаи во изминатите 24 часа, вкупно се заразени 19,93 милиони, а вкупниот број на починати од ковид-19 е 218.959, според Министерството за здравство.

Здравствените експерти велат дека вистинската бројка од 1,35 милијарди луѓе на национално ниво може да биде и 10 пати поголема од официјалните податоци.

Болниците ги исполнија своите капацитети, има недостиг од медицински кислород, а мртовечниците и крематориумите се преплавени поради огромното зголемување на бројот на заразени лица.

Најмалку 11 држави и федерални територии воведоа некаква форма на ограничување во обид да се запре заразата, но владата на премиерот Нарендра Моди, загрижена за економските последици, не е подготвена да воведе национален карантин.

„Според моето мислење, само одредба на национално ниво да се остане дома и да се прогласи вонредна здравствена состојба ќе помогне во решавањето на моменталните здравствени потреби“, напиша епидемиологот Бхрамар Мукерџи од Универзитетот во Мичиген на Твитер. „Бројот на активни случаи се акумулира, не само дневни нови случаи. Дури и според пријавените државни податоци, активни се околу 3,5 милиони случаи“, рече епидемиологот.

Наглиот пораст на бројот на заразени е најтешката индиска криза откако Моди ја презеде функцијата во 2014 година. Моди беше критикуван за тоа што не презеде чекори за спречување на ширењето и што дозволи во март и април милиони луѓе, главно без маски, да присуствуваат на верски фестивали и преполни политички митинзи во пет држави.

Форумот за научни советници што го основа владата ги предупреди индиските власти во почетокот на март за нова и позаразна варијанта на коронавирусот што преовладува во земјата, изјавија петмина научници, кои се дел од форумот, за Ројтерс.

И покрај предупредувањето, четворица научници изјавија дека сојузната влада не се обидела да воведе големи ограничувања за да се запре ширењето на вирусот.

Останува да се види како справувањето на Моди со кризата политички ќе влијае врз неговата партија. Следните парламентарни избори се закажани за 2024 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе

Страшно е да се помисли дека постојат луѓе што со години се распрашуваат, го истражуваат, и го следат животот на граѓаните преку социјалните мрежи и интернетот.

повеќе

Во Македонија моментално има стотици активни стечајни постапки, некои од нив се водат повеќе од 10, па дури 20 години.

повеќе