Индија го зголемува капацитетот за производство на вакцини, ќе инвестира 610 милиони долари

Индиската влада ќе одвои 45,67 милијарди рупии (610 милиони долари) за производителите на вакцини Серум институт Индија (СИИ) и Барат Бајотек за да го зголемат производниот капацитет со оглед на силната побарувачка поттикната од ширењето на ковид-19.

Фото: ЕПА

Најголемиот светски производител на вакцини СИИ ќе добие 30 милијарди рупии (400 милиони долари), а Барат Бајотек останатите речиси 16 милијарди, изјави во понеделникот министерката за финансии Нирмала Ситараман за Си-ен-би-си ТВ18.

Парите ќе бидат исплатени во форма на неповратна помош.

Двете компании не одговориле на барањето на Ројтерс да ги коментираат информациите за државната помош.

СИИ побарала пари од владата за до крајот на мај да ги зголеми месечните капацитети на производство на повеќе од 100 милиони дози, од сегашните 70 милиони.

Бројот на новозаразени во Индија експоненцијално расте и централната влада тешко се справува со побарувачката на многуте индиски држави. Индија има вкупно население од околу 1.3 милијарди.

Најголемиот светски производител на вакцини, вклучително и на Астразенека, наскоро треба да започне и со производство на Новавакс, пишува Ројтерс.

Индија досега поделила повеќе од 112 милиони дози од вакцината на Астразенека, најмногу во светот, и покрај стравувањата поттикнати од формирањето тромбози кај одреден број на вакцинирани лица.

„Јасно е дека ќе ја обезбедиме целата неопходна поддршка за развој и зголемување на достапноста на вакцините во земјата“, рече владин извор, кој сакал да остане анонимен, бидејќи не бил овластен јавно да зборува за ова прашање.

Од средината на јануари, кога започна вакцинирањето на населението, Индија дистрибуирала вкупно 123 милиони дози вакцини, вклучително и скоро 11 милиони домашни вакцини Коваксин, чие производство владата исто така сака да го зголеми.

Индија ги одложи големите пратки вакцини во странство по острите критики од опозициските редови и овој месец извезе само околу два милиони дози, во споредба со 64 милиони дози извезени од крајот на јануари до март.

Исто така, се променети и регулативите за увоз на вакцини по итна постапка од Фајзер, Модерна и Џонсон&Џонсон, потсетува Ројтерс.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе