Индија го изгради првиот носач на авиони (ФОТО)

Индија денеска го доби својот прв носач на авиони произведен во домашно бродоградилиште.

Фото: скриншот

Бродот го носи името „Викрант“, што на санскрит значи „моќен“ или „храбар“, долг е 262 метри и е изграден во бродоградилиштето Кочин, на југот на земјата.

Индија веќе има еден носач на авиони – Викрамадитја, кој беше купен од Русија во 2004 година.

На запловувањето на „Викрант“ присуствуваше и премиерот Нарендра Моди, како дел од одбележувањето на 75-годишнината од независноста на Индија од британската власт.

Моди нагласи дека Индија е меѓу ретките земји кои можат да изградат носач на авиони и дека тоа е „историски ден и значајно достигнување“.

„Викрант“ е најголемиот брод изграден во Индија, има екипаж од околу 1.600 луѓе и може да носи 30 летала, вклучувајќи ловци и хеликоптери.

Се проценува дека изградбата на „Викрант“ чинела 2,5 милијарди долари.

„Викрант“ ќе биде подготвен за целосно оперативно делување до крајот на следната година, откако ќе бидат извршени пробните слетувања на авионите МиГ-29К од руско производство.

Индија планира „Викрант“ да носи повеќе од 20 нови авиони - француските „Рафал-М“ или американските „Ф/А-18 Супер Хорнет“.

Постариот носач „Викрамадитја“ е изграден во Советскиот Сојуз во 1987 година и пловел под името „Адмирал Горшков“ додека не бил повлечен од употреба во 1996 година.

Во 2004 година, Индија го купила за повеќе од 2,3 милијарди долари, наведе АП.

Легенда под Главна слика

Фото: скриншот

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе